-
Notifications
You must be signed in to change notification settings - Fork 0
/
corpus.txt
844 lines (718 loc) · 32.2 KB
/
corpus.txt
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
32
33
34
35
36
37
38
39
40
41
42
43
44
45
46
47
48
49
50
51
52
53
54
55
56
57
58
59
60
61
62
63
64
65
66
67
68
69
70
71
72
73
74
75
76
77
78
79
80
81
82
83
84
85
86
87
88
89
90
91
92
93
94
95
96
97
98
99
100
101
102
103
104
105
106
107
108
109
110
111
112
113
114
115
116
117
118
119
120
121
122
123
124
125
126
127
128
129
130
131
132
133
134
135
136
137
138
139
140
141
142
143
144
145
146
147
148
149
150
151
152
153
154
155
156
157
158
159
160
161
162
163
164
165
166
167
168
169
170
171
172
173
174
175
176
177
178
179
180
181
182
183
184
185
186
187
188
189
190
191
192
193
194
195
196
197
198
199
200
201
202
203
204
205
206
207
208
209
210
211
212
213
214
215
216
217
218
219
220
221
222
223
224
225
226
227
228
229
230
231
232
233
234
235
236
237
238
239
240
241
242
243
244
245
246
247
248
249
250
251
252
253
254
255
256
257
258
259
260
261
262
263
264
265
266
267
268
269
270
271
272
273
274
275
276
277
278
279
280
281
282
283
284
285
286
287
288
289
290
291
292
293
294
295
296
297
298
299
300
301
302
303
304
305
306
307
308
309
310
311
312
313
314
315
316
317
318
319
320
321
322
323
324
325
326
327
328
329
330
331
332
333
334
335
336
337
338
339
340
341
342
343
344
345
346
347
348
349
350
351
352
353
354
355
356
357
358
359
360
361
362
363
364
365
366
367
368
369
370
371
372
373
374
375
376
377
378
379
380
381
382
383
384
385
386
387
388
389
390
391
392
393
394
395
396
397
398
399
400
401
402
403
404
405
406
407
408
409
410
411
412
413
414
415
416
417
418
419
420
421
422
423
424
425
426
427
428
429
430
431
432
433
434
435
436
437
438
439
440
441
442
443
444
445
446
447
448
449
450
451
452
453
454
455
456
457
458
459
460
461
462
463
464
465
466
467
468
469
470
471
472
473
474
475
476
477
478
479
480
481
482
483
484
485
486
487
488
489
490
491
492
493
494
495
496
497
498
499
500
501
502
503
504
505
506
507
508
509
510
511
512
513
514
515
516
517
518
519
520
521
522
523
524
525
526
527
528
529
530
531
532
533
534
535
536
537
538
539
540
541
542
543
544
545
546
547
548
549
550
551
552
553
554
555
556
557
558
559
560
561
562
563
564
565
566
567
568
569
570
571
572
573
574
575
576
577
578
579
580
581
582
583
584
585
586
587
588
589
590
591
592
593
594
595
596
597
598
599
600
601
602
603
604
605
606
607
608
609
610
611
612
613
614
615
616
617
618
619
620
621
622
623
624
625
626
627
628
629
630
631
632
633
634
635
636
637
638
639
640
641
642
643
644
645
646
647
648
649
650
651
652
653
654
655
656
657
658
659
660
661
662
663
664
665
666
667
668
669
670
671
672
673
674
675
676
677
678
679
680
681
682
683
684
685
686
687
688
689
690
691
692
693
694
695
696
697
698
699
700
701
702
703
704
705
706
707
708
709
710
711
712
713
714
715
716
717
718
719
720
721
722
723
724
725
726
727
728
729
730
731
732
733
734
735
736
737
738
739
740
741
742
743
744
745
746
747
748
749
750
751
752
753
754
755
756
757
758
759
760
761
762
763
764
765
766
767
768
769
770
771
772
773
774
775
776
777
778
779
780
781
782
783
784
785
786
787
788
789
790
791
792
793
794
795
796
797
798
799
800
801
802
803
804
805
806
807
808
809
810
811
812
813
814
815
816
817
818
819
820
821
822
823
824
825
826
827
828
829
830
831
832
833
834
835
836
837
838
839
840
841
842
843
844
Во ден, во мене, во кружен ден
Како што утробата однатре е
Со ѕидови кружни,
Во ноќ тркалеста, топчеста,
Месечинска, која се тркала по
Ридот без да закочи,
Во монолог, тивок, нечуен, бескорисен,
Беспрекорен, кој ги мете празнините,
Цементирани, земјени,
Веќе чисти,
И кога прав се крева која
Небото одбива да ја прими,
Па ја вдишувам и се лепи
За гради, за непца, за усни,
За да ме врати во некое
Суво, глинесто, во распаѓање
Минато каде јас и правта како
Да сме исти.
Во огледалото, внатре, од другата
Страна, каде предметите
Никогаш нема да се сменат,
Во оној дел од срцето
Каде нештата ќе бидат
Како да се случиле вчера,
Во споменот на оној што
Никогаш повеќе нема да ме види,
Во оној вечен, неменлив миг кога
Како дете сум видела лик
И сум знаела во што гледам.
Но, сепак, во часови ситни
Како ѕвездите и лизгави како
Дождовни прсти,
Вон нормата излегувам
За да станам карпа, земја, прав,
Сончев зрак кој од месечината
Се одбива, за да бидам јас, тој, таа,
Тоа, маж кој во несоница се протега,
Мајка, сестра, брат, жена, заводница
Која само изворот може да ја
Задоволи.
Во полноќни завивања на умот морен,
Да бидам повеќе од еден, во обид
Да бидам повеќе од само јас,
Станувам некој друг кој
Ме демне мене,
Станувам се што денот пружил,
Во обид да го имитирам светот,
Станувам она што околу себе кружи,
И зар сум јас сега светот станат.
Додека ѝ симнував ѕвезда
Таа му се радуваше
на ноќното капење
во моментот кога
светлината ме заслепи,
црвениот џин
ја зовре водата во морето,
таа исчезна во пареата,
се свари,
но претходно ѝ омекна срцето.
Причина
Не спијам, бидејќи
денот трае вечно,
а ноќта е само темнина
во затворените очи,
преморени,
кои не гледаат ништо пред себе,
што е причина за твоето отсуство.
Полубог
Едно тело.
Јас сум полубог,
кој чудесно
ги менува просторот и времето
за да ја задоволи
својата половина,
која е божица.
Мртви ѕвезди
Живиот песок ме
проголтува,
ме казнува,
ме повлекува подалеку од небото
чии ѕвезди се повеќе од неговите зрнца,
а тоа се нејзините очи.
Грешник
Минос, повеќепати
ја обвитка околу
тенката половина,
а потоа ја фрли во туѓа
прегратка.
Над
Песните за неа, се највозвишени,
таа љубов е поголема,
од љубовта на Бог
кон Израиловите деца:
Песна под песните
Бакни ме со бакнеж на својата уста,
твојата љубов е послатка од вино.
Мирис на најдобрите мириси,
твоето име е разлеано масло,
затоа те љубат девиците…
Нека ми дозволат да си го испишам
Своето име на небото за никогаш
Да не исчезне, и ќе престанам да пишувам,
Нека ми дозволат да му го пренесам
Својот глас на ветрот
И повеќе ни збор нема да кажам.
Но гласот ми се губи во времеплов
Кој изминува,
Заборавот жедно ме голта и никој
Повеќе не ме памети.
Толку е ронливо постоењево,
Ко сува грутка земја што во рака
Ја ситнам, па часовите несвесно
Ми истекуваат меѓу прсти.
Ќе исчезнам како денов на кој
Мракот му е единствената судбина,
Ветрот ќе ги разнесе стиховите
И од сето ова што во грло ми стоело
Ќе остане само мојата залудна
Потреба за еден неизживеан живот.
Низ обрачот ребрест,
од вода и пена
и дув од дете
се роди меурче едно,
се вивна нагоре над брезата бела,
да го допре небото сино,
да се спушти над глуварчето нижно.
Меурчето лебдеше над ветрот лесен
во пад и скок стрмоглав и бесен.
Под сончев зрак и ветер бежен,
се тенчеше меурчето весело,
во бои од виножито цело,
во најлично руво
толку мало, а божилак сет.
А, Сончко ги пружаше своите зраци,
како да сакаше меурчето да го гали.
Го пецкаше и бодеше меурот од пена,
а тој бегаше кон врбова сенка.
Тенчестото меурче се вивна
пругоре, силовито уште еднаш и
се изгуби од догледот на детето со шејче,
се претвори во вода и пена
и го снема сосе дугата цела.
Со поглед брз к’о стрела,
детето го побара меурчето свое
од нежен оддив, од вода и пена,
но го нема!
Детето се смешка и
дувнува пак со сета сила,
низ обрачот ребрест
за да се роди меурче едно
од нежен дух,
од вода и пена.
Од овде до каде?
Не, не, запри, запри,
Понатаму не се оди.
Каде мислиш?
Каде тераш?
Застани,
Зашто ти велат — од овде до каде…
Врват, како врвици кои немаат свои краеви
И само се претопуваат од една во друга
Историска анегдота.
Пивото е горчливо, разговорите кисели,
Провинцијалските дијалекти
Премногу благи, па тогаш каде…
Зарем од овде до местото каде твоето
Тело се распаѓа?
Чекај малце, за што си се згодил ти брате?
Бараташ со зборовите к’о циркузант
Без своја точка,
Но точка нема више. Запри се
И слушни како деновите проаѓаат
И како твоите нозе пропаѓаат
Низ еден свет кој нема смисла,
Низ бесмисла.
И повторно кон каде?
И повторно кон каде?
К’о да те впрегнале багабонти и бараат
Правецот да им го најдеш.
Не знам — велиш.
Не знам.
Сонце,
престани да се криеш.
Дојди и раскажи ми
приказна од далечниот исток.
Не, навистина,
дојди и нацртај ми рамнина
пред очи.
Дојди и обој ја реалноста
тиркизно.
Можеш да дојдеш по работа,
со полноќниот воз,
нервозно стискајќи ја цигарата.
Еве,
јас ќе мижам,
иако не сме деца да си играме
криенка,
а и кај ќе се скриеш,
толкава немирна
топка живот?
Ајде, дојди,
моите раце ја чекаат
твојата топлина.
Јазикот долг небаре се
Превиткува и свиткува
Пред другите погледи,
Чекорот е слаб, а одот немоќен,
Небаре се повлекувам,
Небаре избегнувам да одам
Со останатите.
Ако уличните сијалици згаснат
Подобро ќе знам каде сум
Затоа што сум загубен,
Затоа што сум вљубен во
Сопствената трагедија,
Затоа што знам дека кога
Градот ќе замре во мрачниот спокој
Тогаш улиците една по друга
Ќе ги прошепотат моите мисли,
а слепите сокаци ќе
ги проектираат моите далечни
спомени.
Колите ме разминуваат, правците
На безимените ме вкрстуваат
Во нивната пајажеста мрежа,
Мирисите на туѓинците се
Лепат за мојата облека, а јас гледам
Како моите стапала оставаат
Траги на осветлените
Улични тротоари, чувствувам како
Светот е туѓ во ден што ми
Припаѓа мене, чувствувам како
Повторно се раѓам во тој туѓ
Свет кој како да ми бил некогаш
Ветен мене.
Низ зградите и спомениците кои
Се издигнуваат како џиновски зборови
И создаваат реченици без смисла,
Низ немите шетачи со нивните
Проголтани јазици, низ молкот
На непознанството се пробивам
Со отежнат од пробувајќи да
Разберам кој е Одн. Терасите
Ја испуштаат топлината од
Становите, мачките качени на контињерите
Душкаат по остатоците од нечии
Животи, стаклените образи
Се судираат со белилото
На маглата, а јас го барам Одн,
И го барам светот во насолзеноста под
Вечерното небо, и се барам себе во претходниот
Чекор кој сум го оставила на осветлениот
Тротоар. И среде безимените,
Среде изгубените правци, среде
Живите а веќе мртви, се барам небаре
Сум изгубена, небаре сум одново
Родена денес, на овој одново повторен
Ден, небаре сум немоќна, небаре
Сум неможна пред лицето на Бога,
Небаре сум исчезнала среде
Сите тие движења на градот,
Се барам небаре повеќе ме нема.
Прекрасно е
да живееш од она
”Хуууууу“
во студот
да му намигнеш на поштарот
надевајќи се
дека ќе ти донесе писмо
од Рајот
или Пеколот
(Зависи што си правел дента).
Да сонуваш
додека сите спијат
а стојат и пијат
во локалните
бизарни кафулиња
и редат дупка по дупка
од своите имиња и презимиња.
Прекрасно е
да се давиш во непребол
додека ти се случува
нова љубовна приказна
како птица-нота
на кабел жежок од информации
клопче живот
што се мота
низ нозе
по студени калдрми.
Прекрасно е
да гледаш
како луѓето
суптилно умираат
крај тебе
а со нив и ти.
А сепак,
на крајот,
животот победува.
И во сегашност
и во спомени.
За првиот поглед
Тоа беше ден кога сите нешта се поместија од својата оска
И светот наликуваше на превртена сликовница
Тоа беше ден кога птиците лазеа по земјата а влекачите по небото
Тоа беше ден кога морето имаше вкус на шеќер
И наликуваше на огромно тенџере со шербет
Тоа беше ден кога небото се отвораше кон чадорите
Тоа беше ден кога глуварчињата летаа од правецот од кај што ти доаѓаше
И целиот град наликуваше на снежна бајка раскажана срeде лето
Тоа беше ден кога погледите првпат ни се сретнаа
Поинакви денови
Има денови кога заспиваме на иста а се будиме
на различна страна на креветот
Има денови кога во стаклената топка (што ми ја подари за роденден)
воопшто не паѓа снег
Има денови кога гулабите го одминуваат нашиот прозорец
и станот ни наликува на палуба на напуштен брод
Има денови кога најрадо би молчеле но молкот
секогаш го прекинуваме со „чекај да ти го кажам уште ова“
Само за тебе
Има почетоци што се почнуваат само за тебе
Има ноќи во кои се седи буден само за тебе
Има плоштади на кои гулаби летаат само за тебе
Има градови во кои се доселува само за тебе
Има некој што и ова го пишува само за тебе
Додека ја пишувам својата прва љубовна
јата пеперутки ми летаат по стомакот
Ох, те молам побрзај да ги видиш
пред да имаат време гасеници да се сторат
Војна
Додека ги вперуваме погледите еден кон друг
целата земја се претвора во бојно поле
на кое ние две спротиставени страни
се натпреваруваме
кој прв ќе ја испука првата воздишка
За тебе
повторно би загризал од јаболкото
и покрај тоа што овојпат знам што потоа ме чека
Ние двајцата
Додека ова лето
(по не знам кој пат)
те допирам со погледот по лицето
ти притоа не обрнувајќи внимание
не знаеш колку многу
ми ги повредуваш очите
Нешто поинакво
Додека се обидувам да ти кажам
нешто поинакво од она
што сме навикнати да си го кажуваме
реченицата ми застанува во грло
на истото она место
каде што ми застана здивот кога првпат те видов
Прометеј
Твоите очи беа тие
кои ми кажаа
за постоењето на огнот
Гостопримство
Tвоите очи
ја имаат топлината на домот
Кога и да ги погледнам
имам чувство
дека целиот живот сум
живеел во нив
Пасија
Сега кога те нема
Лајка сум
непрекинато завивам
кон твојот универзум
Инвокација
Гледаш ли љубов моја
како музите ни станаа клише
па сега единствено те повикувам
Тебе
Прогон
Од твојот поглед-ловец
низ густата шума на ноќта бегам
јас – преплашен елен
Две свадбени фотографии.
На двете сум јас.
Во идно време.
Во бело.
Две свадбени фотографии.
На двете ме има.
Во средина.
На двете се смеам.
На едната од среќа.
Светот е сурово безначаен,
Ко патник сум изгубен што
Само моќта на зборот ја познава,
Ко поединец отфрлен од
Заедницата затоа што нивниот
Јазик не знаел да го зборува.
Пишувам затоа што не знам
Да зборувам, пишувам затоа што
Постојам и ќе постојам, пишувам
Затоа што некогаш сум постоел
И затоа што знам дека без ова пишување
Сето тоа постоење ќе исчезне.
Ко наивник сум кој во замката
На непријателот се фатил, ко
Страдалник кој во калта на животот
Пропаднал, ми се лизгаат низ воздухот
Светли дијаманти и директно
Во мочуриштето паѓаат. Ми се чини
Дека ме сонуваат некаде но и
Соновите се топат на оваа пеколна дистанца.
Пишувам затоа што немам друг јазик,
Затоа што тука те познавам најдобро,
Затоа што тука најубаво те среќавам.
Пишувам затоа што сум никој и ништо
И тоа е најсовршеното нешто што го знам.
Пишувам затоа што немам друг избор,
Затоа што морам, затоа што сакам,
Затоа што ми се чини така мисливе
Доаѓаат до тебе или до некој што тебе
Те познавал, па макар и се разминал
Со тебе на улица. Пишувам затоа што
Пишувањето нема крај и така ја убивам
Смртноста, пишувам затоа што сум
Жива и мислам дека тоа е најголемата
Причина. На крај сепак не е ништо
Битно, светот е опустошен од значења;
Ќе те паметам додека можам но
На крај сепак ќе се заборавиме; на крај
Ќе не заборават сите подеднакво и тогаш
Веќе нема ни да е важно зошто пишувам.
Не сакам
емотивно да бидам
како изџвакана мастика.
Те молам
Гледај ме како бонбона
Тврда одозгора
внатре што протекува.
Ох, најди соодветен јазик.
Топол.
Да бидам откриен свет
излижи ги
Раните.
Носејќи само суви очи
наместо куфери,
се преселив на Сибир.
Слушнав,
и ти си заминал.
Но, на Малдивите.
Претпоставувам,
ти недостасувам повеќе
отколку ти мене.
Бидејќи,
на Сибир се патува сам,
а на Малдивите – во пар.
Анаграм
Престани да си правиш
анаграм со моето име,
бидејќи нешто однатре
ме тера да одам главечки,
а сум на работа – нема смисла,
ќе се чудат колегите.
Бебето
Ме бакнуваш во папокот
и ми зачнуваш бебе,
ќе го чуваме и пазиме
сè до Европското во фудбал.
Tогаш ќе го испечеме.
Убаво ќе крцка со пиво.
Зајакот
Немој да ме тераш
да ја оставам.
Сè што можам да направам
е да ти го дадам нашиот зајак
во кафезот.
Чад
Чадот од цигарата
го испушташ низ ноздрите
дур’ лежиш на подот
свиткана к’о фетус
и муабетиш со фазаните
навезени на тепихот.
Облог
Еден спроти друг седиме.
Гледам како губиш облог
восхитен од моите
голи гради. Ти ги покажав,
ја поткренав маичката
дискретно и замислувам
како ќе изгледаш
со кармин.
Погреб
Додека сите плачеа,
јас се смешкав
задоволно над земјата.
На покојниот му должев
многу пари
и три јајца.
Во темница,
Јадам сушена папаја.
Некој пали светло во ходникот.
Сонот ми се измолкна низ раце и
Се скри во сенките на вљубените
Кои се рефлектираат на левиот ѕид.
Тргнав да го барам расплакана.
Ми вети средба со саканиот
И песочни плажи
И коктели до изгрејсонце.
Изгрејсонцето го добив седум часа подоцна
Во пакет со темни кругови околу очи
Наместо ветените песочни плажи
И коктелите.
Жално ме гледаше
празната кутија сушена папаја.
Дебело е јажето што
За вчерашноста ме влече,
Ко сизифовата карпа сум
Што упорно сака надолу
Да се стркала, к’о ден што
Не сака да се разбуди,
-Да се обесам со дебелото
Јаже на вчерашноста…
Полноќна плима се заканува
Да ме поплави, од исток идат
Да ме погребат, а јас викам
И се заканувам, обидувајќи се
Да им кажам дека уште сум
Жива. Во полноќна поплава
Ми се дават мислите, после
Рампата не даваат да се
Помине, — ми рекоа дека
Ќе раскажува оној што ќе
Преживее, а јас само наведнав
Глава и занемена посакав
Да можам да зборам.
Сакав, да те побарам
во сандачето, како заборавено писмо
неотворено, орно за возбуда.
Но, што ќе си речеш тогаш.
Пак, ќе бидам твојата сенка
што ти ги преместува сказалките
на часовникот
додека спиеш
со друга во сон издаваш мои реченици.
Креди во боја, немаш
ниту сеќавање за детството
стопен сладолед — заринкан брод
на брегот што нè лула.
Успешно.
А
Јас.
Неутешно
во перницата шијам зборови
и разговарам со Телевизорот.
Да ти посведочам за едно време,
Така загубено како екотот на
Камбаната што во старите манастири
Некогаш одекнувала, така
Исчезнато како чекорот на предците
Кои не знаеме по какви патишта
Заминале, време минато
Но кое сè уште го чувствувам во
Коските како студот од некоја премрзната
Зима. Да ти посведочам за денови
Кои се слизнале од меморијата како
Безгрижни деца на стрмна снежна лизгалка,
Кои протекле од сеќавањето како
Некаде во мене да има дупка низ која
Минатото ми истекува, да ти посведочам…
Ехо од зборови ми одекнува во ушите,
Луѓето нетрпеливо се искачуваат
Кон иднината несвесни дека ќе
Стигнат до тука, мирисот на небото ми
Ги притиска темето, а од страна ме
Запознаваат со една друга страна на
Светот. Жедна е ноќта, а времето е
Пивливо, нејзината боја е дефинирана
Од гласовите што меѓу масите се мешаат
И ми се причинува дека некој за сето време
Контролно ме надгледува. Неколку
Години подоцна ќе се прашувам
Зошто го паметам сето ова, но сега
Не е ништо битно.
Да ви посведочам за едно време кое
Успеа да се провлече низ сеќавањето
И да ме врати назад неколку години
Кога не знаев за што сум подготвена,
Да ви посведочам и така да оспоменичам,
Да заштитам од заборавот што натиснува
Сè што сум била.
Од длабочините на болката
Ископај ја насмевката
Зажари ја тежината
На тивок оган потпечи ја
И со црвен сос
На трпеза принеси ја.
Некои згрозено ќе ја одбијат
Други страсно ќе ја растворат во себе.
Трети — песна ќе напишат.
Песна со црн наслов.
Мама и тато прават манџа,
а јас и Бери
се криеме под дрвеното креветче.
Мама и тато прават манџа.
Има солзи, крици и викања,
а мене не ми е ладно,
само малку темно.
Мама и тато…
Нивните силуети
се испреплетуваат во кавга.
Некој викна.
Го стискам Бери силно до плач.
Мама нè вика на вечера.
Има нова розова сенка за очи.
А, мене не ми се јаде.
Ни на Бери.
Помеѓу два света,
Помеѓу изминато
И сегашно, помеѓу
Вчера и денес, чекам
Да се струполат
Ѕвездите, да се истури
Небото, да се срамнат
Планините, чекам да
Ме растераат оттука
За да заминам и да
Не се вратам повеќе.
Помеѓу туѓото и моето,
Чекам да го растераат
Гнилото чекање и да
Ме фрлат среде
Пеколната неизвесност,
Чекам да ми дојдеш
На сон, да те доживеам,
Да те осознаам. Те чекам,
Чекањето се зацврстува,
Се стегнува како кога
малтерот станува бетон.
Скулптура сум, споменик
На исчекувањето, биста
Што продолжува да го
Чека твоето присуство.
Го повторувам она што
Ти веќе си го направил,
Се надоврзувам на
Тебе, се испреплетувам
Низ зборовите што веќе
Си ги кажал. Ноќта е тешка,
Нејзините погледи
Вознемируваат, нејзините
Очи ме гледаат онака
Како што сакам ти да
Ме погледнеш, допирите
На црниот воздух го
Растројуваат моето
Тело и ме затвораат во
Кафез, премногу мрачен
И непостојан – голотија
На осаменоста. Времето
Се менува, но ние
Остануваме исти.
Ќе заспијам во очекување
И ќе се надевам дека
И ти го правиш истото.
Се растворуваш на крај,
Кога не те опевам не
Знам кој си.
Си нарамивме блесок
натежнат
да нè тера удолу по светов(о).
Во сандалите
уште чувам малку песок
врел како образов
да ми чува спомен од летово.
Јас, не можам
да скријам, колку сум празна
како уловена школка
да, во мене лежи апсолутната тишина
изгорена, на сонце, Болка.
Во тегли со солена вода
ги чуваме спомените
ќе нè гризат
како комарци, (крвничко дело)
додека
Не се промениме.
Секој во своето тело.
Ех, гледај!
Патот,
тежина роди
зарем, не остана
во нас,
Неизреченото
да нè води?
Пали му свеќа на пакосникот,
моли се, оти душата ти е камен.
Пали му свеќа на непрокопсаниот,
што те тепа насоне и најаве и те тера да одиш во црква,
да се молиш за него и за другите.
Пали му свеќа на јабанџијата
што блудничи со други
и те остава сама
да молиш.
Пали му свеќа на порочниот
што те тера да седиш дома,
оти од работа, жена, курва станува.
Пали му свеќа на калпазанот
за да си простиш
оти неговата свеќа свети подолго
од твојата бежна губежна
што постепено се гаси од неговата љубов од трње.
Кој што кралот Александар со што со кого со мечот
Го сече кого што Гордиевиот јазол.
Тоа не му беше паднало на ум кому штому никому.
Имаше философи – ниту еден го немаше расплетено.
Не е чудо што сега се кријат по ќошињата.
Солдатеската ги фаќа за брадите,
расеани, побелени, како јарци,
па грмнува кој што гласна смеа.
Доста. Кралот погледнува под дипличето,
Седнува на коњот, на пат тргнува.
По него, придружена од трубењето на трубите, топотењето на тапаните
составена од кого од што од јазли
тргнува кој што војската во што за што во борба.