VP-Game-Exams Проектна задача по Визуелно Програмирање Exams
Exams е едноставна стратегиска tower defence игра, во која корисникот има задача да ги спречи студентите да стигнат до целта.
Начинот на играње е следен: Играчот избира професор со кликнување на сликичката од саканиот професор, позиционирање на саканото место, и повторно л ев клик за поставување. Професорот може да се постави само доколку цената на професорот е помала или еднаква на освоените пари кои се добиваат од секој уништен студент.
Во првата верзија на играта се дадени 3 стази кои можат да се изберат независно и секоја од нив е со соодветна тежина. Студентите патуваат од почетокот до крајот на патеката доколку не бидат уништени од страна на некој професор. Секоја стаза и секој клас од студенти има посебна брзина, повеќе животни поени (HP) и повеќе студенти. Секој од професорите има различна брзина на удар и штета која ја прави доколку погоди некој студент. Според овие својства треба да се изберат вистинските професори во вистинско време за да се поминат стазите. За секоја стаза има одредена почетна сума на пари и 5 животи кои се губат доколку студентите стигнат до целта.
Во пакетот има готова верзија на играта која може да се инсталира.